×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Mултимедијалeн настан „Уметност и музика“ во Крива Паланка

    26.07.2024 14:12 | KumanovoNews

    Во уметничката галерија на Градскиот музеј од Крива Паланка, утре, сабота, со почеток во 20 часот, ќе се одржи мултимедијлниот настан „Уметност и музика“, кој ги обединува различните изрази на ликовната уметност и музиката.

    Mултимедијалeн настан „Уметност и музика“ во Крива Паланка

    Настанот опфаќа изложба на дела од млади уметници создадени на уметничките работилници за графика, сликарство и  скулптура, реализирани под менторство на академските автори и творци Нела Јанковска, Анета Стојчевска, Роберт Цветковски и Стефан Младеновски.  Сите создадени дела ќе останат во постојаната збирка на Градската галерија при Музејот на Крива Паланка.

    Изложбата ќе биде збогатена со музички настап на познатиот џез состав Гордан Спасовски трио.

    Мултимедијалниот настан го организира Градскиот музеј oо Крива Паланка, а е дел од Кривопаланечко културно лето и манифестацијата „Крива Паланка-Град на културата 2024“.

    Никола Митовски