×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Мултимедијална изложба на скутини во Центарот за култура во Куманово

    25.01.2023 09:46 | Сузана Николиќ

    Во Фоаjето на Центарот на култура „Трајко Прокопиев“ утре во 13 часот ќе се одржи мултимедијалната изложба „Скутина, фута, бовча, диљка“, на етнокореологот Бојан Петковски. 

    Мултимедијална изложба на скутини во Центарот за култура во Куманово

    Скутината е дел од традиционалната облека која е познат под различна локални имиња: фута, бовча, дипла, скутача, телена диљка, опрегач заен, опрегач преен, бокча, пештемал...

    „Публиката преку четири различни методи ќе може да ја осознае вредноста на скутините. Методот на инкорпорирање, реалните предмети најдени на теренските истражувања, ќе ги соедини со црно-бели фотографии на коишто е забележан идентичен предмет. Веродостојноста на дел од скутините ќе може да се утврди преку методот на компарација со визуелна оставина од минатото. Преку методот на рефлексија, дел од скутините гледачот ќе може да ги пронајде на старите црно-бели фотографии. Континуитетот на проектот е содржан во методот на самоистражување, каде ќе бидат изложени „анонимни“ скутини, кои ќе стимулираат интерес за нивно истражување. Преку засебни паноа за атипични примери за носење на скутини, ќе се забележи и едукативниот карактер на проектот“, вели Петковски. 

    Кон крајот на XIX век носијата била во својот полн сјај, а се карактеризирала со слоевитост во облековните елементи и накитот. Првата визуелна средба меѓу носијата и гледачот, секогаш го насочува своето внимание на скутината. Централно поставена, генерално во големи димензии, таа чинeла голем дел од целокупната слика на носијата. Покрај кај жените во сите етнички, возрасни и социјални категории, скутината е забележана и во голем дел на машката култура на облекување. Во скутините се напластени основните човекови потреби, но и низа скриени знаци.