×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Мургашанска, Димитриевски, Костовски и Илиевски поднесоа кандидатури за градоначалник од СДСМ

    06.07.2021 07:23 | KumanovoNews

    Претседателката на Советот Атина Мургашанска, градоначалникот Максим Димитиревски, пратеникот Мартин Костовски и директорот на Водостопанство Кумановско-липковско поле Оливер Илиевски, поднесоа кандидатури во СДСМ за градоначалник на Куманово.

    Мургашанска, Димитриевски, Костовски и Илиевски поднесоа кандидатури за градоначалник од СДСМ

    Сите четворца предходно добиле поддршка од месните одбори, по што изготвиле и доставиле сопствена програма во партијата. Тие своите кандидатури ги промовираа на социјалните мрежи иако и предходно директно или индиректно кажуваа дека имаат амбиции.

    Единствената жена, Мургашанска, вели дека ја прифатила кандидатурата за градоначалничка на Општина Куманово од нејзините сопартијци, затоа што е дојдено време Куманово да добие мајка на градот.  

    „Приложената програма ја создавав заедно со нив и сите сограѓани, а таа е одраз на нивните приоритети и мојата визија за Куманово во наредниот четиригодишен период. Успешното раководење на Советот на Општина Куманово како прва жена претседателка покажа дека е време за уште еден историски исчекор за прва Мајка на градот“, напиша Мургашанска.

    Градоначалникот Димитриевски уште пред едена година најави дека сака да го води градот уште 4 години, но вчера и официјално побара втор мандат од партијата.

    „Во изминатите неполни четири години реализиравме многу заеднички проекти за наше Куманово, финансиски си ја стабилизиравме општината и ја направивме перспективна, поддршката од граѓаните на сите релевантни анкети и непосредни средби беше мотив повеќе во предвиден рок да поднесам кандидатура и програма со континуитет во мојата партија за нов градоначалнички мандат. Верувам дека ќе продолжиме и во иднина заедно со граѓаните да имплементираме нови проекти за едно модерно и европско Куманово“, објави Димитриевски.

    Претседателот на општинската организација на СДСМ Мартин Костовски, иако само пред една година беше избран за пратеник, покажа дека има други амбиции - да раководи со најголемата општина во државата. Тој изминатите месеци промовираше 3Д анимации за проекти, кои планира да ги реализира доколку седне во градоначалничката фотелја.  

    „Покрај пополнетата изјава и личната биографија, ја доставив и програмата со која сакам да ја побарам поддршката од мојата партија за кандидат за градоначалник на Општина Куманово на претстојните локални избори. Во изминатите години постигнавме многу за Куманово и кумановци, а знам и верувам дека ќе постигнеме уште повеќе“, стои во објавата на Костовски.

    И секретарот на кумановското СДСМ и директор на Водостопанство, Оливер Илиевски, се гледа себеси на чело на извршната локална власт во Куманово. Тој прв официјално ја поднесе кандидатурата, а во изминатиот период промовираше еколошки проекти и организираше средби со граѓани.

    „По 100% поддршка од месните одбори денеска поднесов кандидатура за градоначалник на Општина Куманово до матичната партија. За чисто, зелено, модерно и урбано Куманово“, објави Илиевски.

    Сите членови на СДСМ имаа можност кандидатурите од месните одбори да ги достават до вчера во општинската организација во Куманово или да се самокандидираат до централата во Скопје. Дали се работи само за четворица кандидати или ги има повеќе ќе се знае деновиве.

    (С.Н.)