×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Музејот на УЧК во Сопот е дивоградба и со него ќе се постапува согласно законот, најави Димитриевски

    08.11.2023 10:19 | Сузана Николиќ

    Општина Куманово извршила вонреден инспекциски надзор во с. Сопот, по што било утврдено дека објектот во кој се сместени обележја на УЧК е дивоградба.

    Музејот на УЧК во Сопот е дивоградба и со него ќе се постапува согласно законот, најави Димитриевски

    Градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски појасни дека објектот е изграден на државно земјоделско земјиште, кое што во имотниот лист бр.117 од катастарска општина Сопот, се води на парцела 963.

    „Целиот објект е дивоградба и Општина Куманово нема издадено никаква документација во врска со градба на овој објект. Од страна на надлежна инспекциска служба е направен записник. Записникот е насочен кон НН лице, бидејќи од присутните лица таму никој не се пријавил дека е инвеститор или, пак,  сопственик на објектот. Истиот записник денеска е истакна на огласна табла. Во рок од 3 дена додека трае постапката паралелно ќе доставиме пријава и до полиција да се открие НН сторителот на ова кривично  дело и веднаш по затварање на записникот и истекот на рокот ќе биде процесуирана кривична пријава против сторителот, во овој случај НН лице. Но дополнително добив информации и од Секторот за урбанизам дека за оваа предметна парцела исто така е поднесено и барање во 2018 година за легализација од страна на физичко лице и сите тие документи ќе ги доставиме како предмет на идната истрага. Како ќе следуваат постапките? Согласно законот Општина Куманово поднесува до сите прекршители на законот доколку има кривична одговорност, кривична пријава до надлежното Јавно обвинителство Куманово, или Основно јавно обвинителство. Оваа година имаме поднесено вкупно 14 кривични пријави, ова ќе биде 15-та и продолжуваме со носење на решение за извршување на објектот и потоа ќе следува процедура за уривање на објектот”, вели Димитриевски. 

    Според него,  ДУИ како носител на власта повеќе од 20 години манифестира самоволие токму во предизборниот период заради собирање на евтини политички поени, и со ваквото однесување го руши и директно уставниот поредок на државата.  

    Музејот беше отворен викендов, во присуство на највисокото раководство на ДУИ, проследено со националистички пораки. Пред споменикот беше поставена мермерна плоча со карта на голема Албанија, која вчера попладне е отстранета.