Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Црвен Крст донираше музички систем за децата во интернатот во село Драгоманце, со сретства кои беа собрани од продажба на честитки.
Вчера ги посетивме децата сместени во интернатот во Драгоманце и им го однесовме системот. Организиравме креативна работилница, тие цртаа, ги украсувавме просториите. Планираме да потпишеме меморандум за соработка и имаме многу идеи за во иднина - вели Сања Голубовска, координатор на млади во Црвен Крст.
Волонтери од Црвен Крст секоја недела ќе ги посетуваат децата кои престојуваат во ученичкиот дом во Драгоманце.