Мени

Музичко караоке шоу во Центарот за култура

12.09.2019 06:41 | KumanovoNews

Во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“, во големата сала, вечерва во 20 часот ќе се одржи Музичкото караоке шоу.

Музичко караоке шоу во Центарот за култура

На натпреварувањето ќе учествуваат 12 деца, кои ја поминаа аудицијата што се организираше за викенд.

„Вакво караоке шоу се одржува за првпат оваа година. Се` со цел, во Куманово да ги поттикнеме и откриеме новите музички таленти. Имавме аудиција која се одржа пред неколку дена со разиграни поп и забавни мелодии.  Вечерва следува и натпреварување во кое учесниците ќе се натпреваруваат за прво, второ и трето место. Ги покануваме сите заинтересирани да ги слушнат настапите на нашите учесници,-изјави Сашо Тодоровски, директорот на Центарот за култура „Трајко Прокопиев“.

Проектот „Музичко караоке шоу“ е поддржан од Министерството за култура.