×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • МВР неколку дена нема да издава лични документи поради миграција на нов систем

    21.06.2021 18:15 | KumanovoNews

    Министерството за внатрешни работи ги информира граѓаните дека поради миграција во нов систем,  од среда (23.06.2021) започнувајќи од 21 часот, заклучно до недела (27.06.2021) до 21 часот нема да биде во функција системот за прием и издавање на лични документи: лична карта, пасош и возачка дозвола.

    МВР неколку дена нема да издава лични документи поради миграција на нов систем

    „Од тие причини се известуваат граѓаните кои имаат закажано термин за аплицирање за личен документ во итна постапка во деновите 23, 24 и 25 јуни 2021 година, да дојдат во просториите на МВР каде што имаат закажан термин за  личен документ на 22.06.2021 година во текот на целиот работен ден или на 23.06.2021 година до 12 часот. Граѓаните кои имаат закажан термин за 23, 24 и 25 јуни 2021 година, во редовна постапка, правото за поднесување на барање за личен документ, ќе можат да го остварат во било кој термин на исто место каде што имаат закажано во периодот од 28. 06. 2021 година заклучно со 02. 07. 2021 година“, информира МВР.

    Воедно ги информираат граѓаните дека готовите лични документи да ги подигнат до 23.06. 2021 година до крајот на работното време, бидејќи на 24 и 25 јуни нема да биде овозможено издавање на истите.