×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • МВР распиша оглас за прием на 600 полицајци, 20 за во Куманово

    10.08.2023 14:59 | Сузана Николиќ

    Министерството за внатрешни работи денеска објави оглас за вработување на 600 полицајци.

    МВР распиша оглас за прием на 600 полицајци, 20 за во Куманово

    Полицајците ќе бидат распоредени во Секторот за внатрешни работи Скопје 300 извршители, во Секторот за внатрешни работи Охрид се отворени места за 100 извршители, прием за 30 извршители е овозможен во Секторот за внатрешни работи Тетово, по 20 во секторите за внатрешни работи во Струмица, Куманово, Штип, во Одделот за заштита на определени личности и објекти, како и во Регионалните центри за гранични работи Север и Запад. По 15 извршители се бараат во секторите за внатрешни работи Битола и Велес, а по 10 извршители во регионалните центри за гранични работи Исток и Југ.

    Покрај општите услови наведени во огласот, кандидатите треба да исполнуваат и посебните услови, и тоа потребна телесна висина од најмалку 175 см (мажи), 165 см (жени) и висока лична физичка подготвеност, и не смејат да бидат членови на политичка партија.

    Избраните кандидати ќе поминат обука од една година во Центарот за обука на МВР.

    Рокот за пријавување е 15 дена, а за повеќе информации на www.mvr.gov.mk.