×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Нѐ избришаа од патоказите затоа што не сме нивни

    27.10.2011 11:17 | KumanovoNews

     Општината Куманово ќе реагира до Агенцијата за државни патишта, поради тоа што Куманово е испуштено од патоказите на новиот автопат од граничниот премин Табановце.

    Нѐ избришаа од патоказите затоа што не сме нивни

     Градоначалникот Зоран Дамјановски, најави дека уште во текот на оваа недела ќе испрати писмо до директорката на агенцијата Наташа Валкановска, од која ќе побара да се поправи грешката и името на најголемата општина во државата да се најде на информативните табли.

    Куманово е рак рана на владејачката партија и од тука произлегуваат тие работи. Можеби потсвесно сакаат да го нема на картата, па го нема ниту на патоказите. Меѓутоа без разлика на оваа моја иронична забелешка, сметам дека актуелизирањето на овој проблем од ваша страна ќе ги натера наделжните да го ја поправат грешката. Јас ќе испаратам писмо до Агенцијата за патишта во кое ќе побараме да се интервенира, и мислам дека работат ќе се поправи. Агенцијата нема никакво оправдување за грешката која што ја направила, и треба да си ја признае, а не дава некои нелогични објаснувања- вели Дамјановски.

     Од Агенцијата за патишта минатата недела изјавија дека немаат намера нешто да менуваат на новата траса, бидејќи било доволно тоа што Куманово го  имало на патоказ на стариот автопат, пред исклучување на надвозникот кај „Искра„.

    За локалната самоуправа и граѓаните на Куманово тоа не е доволно, бидејќи додека да се дојде до посочениот патоказ веќе се поминува градот, и е многу задоцнета информација за оние кои сакаат да  го посетат. Затоа бараат под итно да се поправи грешката за да не сметаат дека тенденциозно е направена.

     Според прaвилниците за обележување на патишта, државата има обврска на почетокот на автопатот да постави задолжителна информативна табла на која е испишана оддалеченоста на првото и последното населено место на делницата, а потоа главните градови на државите низ кои поминува автопатот.

    На новиот автопат од граничниот премин Табановце до Куманово, има поставено осум нови информативни табли, на кои е испишана оддалеченоста на Атина, Скопје и Велес. На клучките е обележено исклучувањето за селата Речица и Табановце, и само за градовите Софија и Крива Паланка, но никаде не стои името на  Куманово, како прв град на кој наидуваат патниците од северната граница.