×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • На 6 мај „Генералка викенд“ во Куманово

    28.04.2022 12:06 | Сузана Николиќ

    Општина Куманово се приклучува кон акцијата „Генералка викенд“, која ќе се организира на 6 мај.

    На 6 мај „Генералка викенд“ во Куманово

    „Ги повикуваме кумановци заедно да собереме што е можно повеќе отпад во нивната непосредна околина и заедно го носиме до ПАКОМАК или локалната станица за отпад“, повикуваат организаторите на акцијата.

    Пролетната акција за чистење ја организира МЕН ЕНД МАУНТЕН заедно со: Пивара Скопје, ПАКОМАК, Министерството за животна средина, Министерството за земјоделство, Министерството за одбрана, повеќе од дваесет општини, училишта и локални поддржувачи, професионални и аматерски спортски клубови и најдобрите компании во Северна Македонија.

    „За секои 10 кг собран отпад засадуваме по едно дрво. Заедно со Национални шуми, Министерството за земјоделство, волонтери, невладини организации и научници од Институтот за биологија и геологија од Универзитетот во Скопје, ги истражуваме вистинските места и вистинските видови за новите пристапни шуми - СОНЧЕВА ГОРА - национални зелени споменици што ќе растат секоја година“, додаваат организаторите на акцијата.

    Повеќе информации за акцијата „ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД“ во општина Куманово можете да најдете на: https://bit.ly/3khKf7n  #generalkaweekend #куманово #kumanovo #генералкавикенд