Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Утре во рамки на акцијата „Засади ја својата иднина„, во општината Куманово ќе се садат дрвца во м.в. Живкова Карпа, поточно на ридот над воените магацини над регионалниот пат за Свети Николе.
Надлежните од Македонски шуми го подготвуваат теренот за пошумување и ќе обезбедат садници.
Граѓаните кои сакаат да учествуваат во акцијата ќе може да го користат бесплатно организиран превоз. Автобусите ќе поаѓаат од пред техничкото училиште „Наце Буѓони„, економското училиште „Перо Наков„, Трета МУБ пред поранешна Тракторска, поранешна дирекција на ЗИК, касарна Карпош во Бедиње и Автобуска станица.
Автобусите од овие локации ќе тргаат во 9, 11 и 13 часот, и ќе ги носат граѓаните на предвидената локација.
Во општината Старо Нагоричане ќе се сади во селото Старо Нагоричене, а во Липково во селото Слупчане.
Акцијата ја организираат и координираат Македонски шуми и oпштините.