Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
За разлика од повеќе автори кои пишувале за Ромите во светот, во мојов текст ќе се осврнам во кратки црти за потеклото на Ромите и нивните права во светот.
Според иранската историографија, вистинската легенда за постоење на ромската татковина била позната само од кажувањата на старите Роми кои живеле на островот Леинос во Егејското море. Истите извори сега тврдат дека Ромите се дојдени во периодот на 3.век од нашата ера и биле познати како Синдис или Хиндис, според името на реката Синдис во Индија. По долги патешествија Ромите стигнале на медитеранот и во Грција во 11.век каде биле познати по името Ѓупти. Во периодот од 11.век се‘ до 14.век се присутни и во балканските земји а во 15.век и во Ирска. Потоа се раселени низ цела Европа, цела Азија па дури во Јужна Америка каде нивното присуство било забележано во 1581.год. На овој номадски народ му се препишуват разни имиња. Во Русија, како и во Македонија беа препознаваме по името ,,Цигани‘‘, а во Курдистан како ,,Лури‘‘ . Но и покрај различните имиња постоела една заедничка карактеристика за Ромите во Европа . Секогаш биле угнетувани и дискриминирани. Ова најповеќе е изразено за време на 2.свеска војна во која се погубени повеќе од половина милион Роми. Постоеле активни промени во Франција, Шпанија, Холандија, Германнија и тоа во периодот од 16.век, а во 17 век е донесен законот во Велика Британија во кој е наведено дека контакт со Ромите е криминал. Истото се случило и во Швајцарија, а во Австрија и Германија се донесени повеќе од 68 закони за прогон на Ромите. Во Ирска пак правната дискриминација започнува уште во 1541 каде во 1596 група Роми беа осудени на смрт поради тоа што беа невработени. Така прогонот продолжува до 18.век. Има премногу примери за прогон и во 20.век. И така, се‘ до 1971 година кога Ромите- интелектуалци од целиот свет се собираат во Лондон и го одржуваат својот Прв конгрес на Ромите од целиот свет на кој учествуваат 14 делегации од целиот свет. На Конгресот беа донесени повеќето одлуки како што се: стоп за расизмот и дискриминацијата, правото на егзил, упис во регистарот на народи во ОН со свој јазик и идентитет, прогласот за 8 Април како светски Ден на Ромите и т.н.. Според неофицијални податоци, во Европа има близу.15.000.000 Роми, во САД повеќе од 1.000.000, во Аргентина 300.000. во Грција повеќе од 200.000, во Србија повеќе од 100.000, во Македонија повеќе од 55.000, а во Романија според неофицијални податоци на ОН - 2.500.000 Роми.
Многу значајна зо Ромите е и 1977 година, бидејќи тогаш нивната матична држава Индија поднесе барање до ОН за правата на Ромите во целиот свет по што Комисијата за човекови права во ОН донесе одлука за заштита на сите права на Ромите во сите држави каде што живеат. На секои четири години до сега беа одржани конгреси на Ромите во Џенова Италија, во Шведска, Полска, Чешка, Германија, Индија, поранешна Југославија и другите држави во светот. Во 1995 година е донесена одлука во Советот на Европа на Европа за именување на ова заедница со име Роми, а не како до тогаш со како ,,Цигани‘‘ и други погрдни имиња. Во Република Македонија Ромите ги уживат сите права според Уставот, имаат свои политички партии, преставници во законодавната и извршната власт, како и РТВ канали на свој мајчин јазик.
Севџан Сулејмановски