×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • На фер избори се обврзаа кандидатите за градоначалник на Куманово

    24.09.2021 12:10 | Сузана Николиќ

    Петмината кандидати за градоначалник на Општина Куманово денеска го потпишаа Кодексот на однесување за слободни и фер локални избори и се обврзаа дека во текот на предизборната кампања ќе ги почитуваа пишаните и непишаните правила за фер плеј. 

    На фер избори се обврзаа кандидатите за градоначалник на Куманово

    Оливер Илиевски од СДСМ, Тони Михајловски од ВМРО-ДПМНЕ, Максим Димитриевски независен кандидат, Теодора Димитровска - ЛДП и ДОМ и Беким Салиу - Алијанса на Албанците и Алтернатива, се кандидати за градоначалник на Куманово. 

    „За развојот на демократијата ни се потребни фер и демократски избори, како и почитување на принципите на демократијата. Сите учесници во изборниот процес со своите постапки и активности придонесуваат во развојот на демократијата и во градењето на довербата во изборниот систем. Законска обврска на секој од учесниците во изборниот процес, односно присутни кандидати за градоначалник на Општина Куманово е да го почитува Кодексот за фер и демократски избори“, - изјави Бранкица Димковиќ, претседателка на Општинската изборна комисија(ОИК).

    Кандидатите во своите изјави по поптишување на кодексот потврдија дека изборната трка ќе ја водат на ниво кое го познаваат развиените демократии, па посакаа да победи оној кој ќе добие најголема поддршка од граѓаните.

    „Посакувам позитивна и успешна кампања. Ние од граѓанската иницијатива „За наше Куманово„, ќе водиме позитивна кампања, како активен градоначалник ќе го презентирам сето она што беше направено и сето она што планираме во иднина да го реализираме“, изјави Димитриевски.

    Илиевски исто така најави дека ќе се придржува до кодексот којшто го потпиша, затоа што граѓаните очекуваат позитивна кампња.

    „Граѓаните очекуваат конкретна програма со проекти, а не меѓусебни напаѓање и валкана кампања. Ние како СДСМ сме партија со европски вредности и ќе тераме позитивна кампања се со цел граѓаните да ги слушнат нашите проекти, а тоа го очекуваме и тоа од нашите политички противници“, изјави Илиевски. 

    Единствената дама меѓу кандидатите Димитровска, смета дека овој документ е неопходен пред секој изборен циклус, за да граѓаните не се изложуваат на партиски притисоци. 

    „Ние ќе водиме позитивна кампања со конкретни предлози и идеи за сите граѓани. Нема да има препукување и целосно ќе почитуваме нормите од кодексот“, кажа Димитровска.

    Актерот Тони Михајловски истакна дека ВМРО-ДПМНЕ се придржува до законските норми и се надева дека така же продолжи и во иднина.

    „Кодексот значи многу, но може и да не значи ништо ако не се почитува. Можеби и џентламенски договор би бил во ред, меѓутоа ова е официјално. Имам намера да водам позитивна кампања, нема лично да прозивам никого. Ќе се критикува само она што не е направно во изминатиот период. Ние сме кумановци, ние политичарите почитувањето треба да го ставиме како репер за да можат и граѓаните да го применуваат. Од друга страна ќе водиме позитивна кампања, која ќе понуди излез, решенија и нешто ново“, - изјави Михајловски. 

    Кандидатот Салиу се надева дека со самото потпишување на кодексот веќе започнала позитивната кампња, која ќе продолжи и во наредниот период, затоа што така му доликува на Куманово.

    „Како единствен Албанец во оваа кампања, се надевам дека ќе ги ставиме на страна сите недоразбирања и предрасуди и ќе се обидеме Куманово да го презентираме како град кој сака развиток. Нашиот концепт е да имаме еден современ и модерен град“, изјави Салиу.

    Предизборната кампања за локалните избори започнува во понеделник и да се надеваме дека кандидатите ќе си стојат на зборот.