×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Во две фестивалски вечери на „Филмај 2024“ ќе бидат прикажани 16 филмови во Занаетчискиот дом во Куманово

    28.05.2024 13:18 | Оливера Пешевска

    Пет наградени и 11 селектирани филмови ќе се прикажат во две вечери на Меѓународниот фестивал на краток филм „Филмај 2024“, кој по шести пат ќе се одржи утре и задутре /29 и 30 мај/ во просториите на Занаетчискиот дом во Куманово.

    Во две фестивалски вечери на „Филмај 2024“  ќе бидат прикажани 16 филмови во Занаетчискиот дом во Куманово

    Публиката може да ги погледа наградени филмови за 2024 година се филипинскиот „Жими сè најмило“ режиран од Сам Манакса за најдобра режија, чешкиот „Морска сол“ со Захер Јуреидини како директор на фотографија за најдобра кинематографија, награда за најдобро сценарио „Синкопат“ од Шпанија по сценарио на Пол Диглер и Рамон Лазаро. За најдобар македонски филм е погласен „Само ѓаволот се плаши од вода“ во режија на Лидија Мојсовска, а „Девет сантиметри“ од Русија ја добива наградата за најдобар краток филм. Исто така, ќе бидат прикажани и 11 официјално селектирани филмови. На објавениот конкурс имало пристигнато околу 170 филмови од 49 држави.

    Организатор на фестивлот е Фото кино клубот Козјак од Куманово.

    „Нашиот план е не само да се одржува во две вечери, туку за него да се зборува пред одржување, за време на одржувањето и после фестивалот. Другата идеја на „Филмај“ во склоп на ФКК Козјак е да го вратиме кино искуството, со нашиот фестивал барем неколку дена во годината да ја вратиме кино салата, иако е лесно да ги гледаме филмовите на нашите ТВ екрани“, истакна Драган Денковски, проект менаџер на фестивалот.

    Организаторите оценуваат дека сите филмови кои се на програмата се со прекрасна продукција и наменети за публиката од сите возрасти. Со континуирана организација на овој фестивал имаат намера да поттикнат продукција, создавање на кратки филмови кои во мала минутажа кажуваат големи прикаски и истовремено се лесни за гледање. Главно се работи за студентски, аматерски проекти, но и филмови од компании со сериозни буџети.

    „Со лесна достапност на технологија, снимање со телефони, на евтини камери и фотоапарати, и можност за евтини софтвери со комјутери секој со своја идеја и екипа од двајца или петмина може да пристапи кон подготвување на краток филм“, објаснува Денковски.

    Фото кино клубот Козјак има поддршка од Општина Куманово, Фондацијата за култура и спорт, Агенцијата за филм на Македонија и спонзори. Во локалната програма за културни настани и манифестации се предвидени 50 илјади денари помош за „Филмај 2024“.

    Куманово нема кино, а ФКК Козјак се едни од ретките кои придонесуваат кино проекциите да се вратат во градот.

    „Планираме да имаме отворено лето, каде што ќе имаме летно отворено кино во Куманово, доколку дојде до договор меѓу ФКК Козјак и невладината организација „Бујрум“. Средствата се скромни, но се трудиме барем логистички да помогнеме на ова мало, но големо здружение за нашиот град“, потенцираше Александара Крстевски, од Секторот за култура на Општина Куманово.

    Почетокот на  фестивалот е во 20 часот и влезот е слободен за сите заинтересирани.