Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Редовно годишно собрание на Интернационалната полициска асоцијација (ИПА) регион Куманово, за тековната 2023 година ќе се одржи во сабота во ресторанот „Куманово Спа“.
На настанот ќе присуствуваат и делегации од збратимени региони од странство и тоа од Добој, БиХ ,Лесковац и Косовско Поморавље од Р.Србија, како и делегации од ИПА Национална секција, како и членови од Скопје,Прилеп,Штип и голем број на пријатели и поддржувачи на асоцијацијата.
Во работниот дел од собранието ќе бидат разгледани пристигнатите кандидатури и ќе бидат пополнети испразнети места во Надзорниот Одбор на регионот, а ќе се разгледа и годишиот извештај и План за работа за следната година. На свечениот дел од собранието ќе биде потпишан Меморандум за соработка помеѓу ИПА Регион Куманово и ИПА ВИП Клуб Алба Јулиа од Романија.
ИПА Регион Куманово функционира во рамките на ИПА Национален оддел, и претставува втор најголем регион со преку 750 активни членови. Досега има организрано многубројни хуманитарни акции, спортски натпревари, научни трибини, на кои земаат учество голем број домашни и меѓународни ИПА средби.
Асоцијацијата е најголемо меѓународно полициско здружение на активни и пензионирани припадници на полицијата во светот. Таа функционира во повеќе од 50 држави во светот, а наменета е исклучиво на припадници на полицијата.
Генералниот слоган на ИПА е "Во служба преку пријателство".