×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • На Градскиот плоштад се собира е - отпад

    29.09.2014 13:14 | KumanovoNews

     Членови на Демократската обнова за Македонија, денеска на Градскиот плоштад собираа е - отпад.

    На Градскиот плоштад се собира е - отпад

    Контејнерот ќе биде поставен до петок во период од 10 до 18 часот, и граѓаните ќе можат да  се ослободат од старите телефони, батерии, телевизори, компјутери и други неупотребливи апарати кои се штетни.

    “Сета електрична и електронска опрема која им стои некаде по магацините можат да ја донесат и да биде уништена на законски и еколошки прифатлив начин. Се интересираат граѓаните, веќе почнаа да ги носат своите стари телевизори и компјутери. Во Куманово нема собирен пункт и пријатно се изненадени од иницијативата на ДОМ“- вели Сретен Стојковски, задолжен за акцијата.

    Акцијата на ДОМ за собирање на е - отпад се спроведува во повеќе општини во државата.