×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • На Градскиот плоштад затемнување, влезот на Општина Куманово свети

    21.11.2022 12:56 | Оливера Пешевска

    На Градскиот плоштад во центарот на Куманово дел од канделабрите не светат, што е најверојатно една од мерките, според насоките на Владата, за штедење и намалување на потрошувачката на електрична енергија.

    На Градскиот плоштад затемнување, влезот на  Општина Куманово свети

    Плоштадот е осветлен од околните приватни објекти, од нивните рекламни паноа и излозите. Помагаат и фаровите на автомобилите, кои минуваат одовде. На другиот дел кај споменикот Жена борец, пак, сите канделабри се вклучени, а осветлен е и пешачкиот дел кај тн Скопски дуќани. Интересно е што не заблежавме ниту прегорена светилка на било која канделабра, што сведочи за нивно редовно одржување и сервисирање.

    Ретките минувачи коментираат дека поради недоволното осветлување на плоштадот се чувствуваат несигурно.

    Да ти е страв да поминеш, велат минувачите кои ги сретнавме.

    Кога ќе поминете 500 метри од плоштадот до зградата на Општината, тогаш ќе ви осамне. Светлата во канцелариите, разбирливо, се изгаснати, но влезниот дел од зградата свети како елка. Општинските власти и самите реагираат на превисоките сметки, имаат назначено и службеник кој треба да ја спроведува, контролира и евидентира заштедата, а на вработените им се препорачува да го намалат греењето во канцелариите. Годинава, скоро сите општини во државата информираат дека им стигаат преголеми сметки за наплата на струја,обврска која многу тешко ја сервисираат.

    Прашање е за кого важат насоките за заштеда. Ние се враќаме во минатиот век,сите во една соба и војничко капење со еден бојлер, а ваму тие што треба да дадат пример и делат совети се расфрлаат. Ќе видиме сега за Нова година дали ќе свети градот или ќе тапкаме во мрак на поминување изјави наша сограѓанка.

    Банките, како што забележавме, исто така, ги исклучиле рекламите. Осветлени се само банкоматите, но во голем број случаи светат и светилки внатре во објектите. Бидејќи е викенд, а банките не работат, тоа значи дека светилките ќе останат вклучени 36 часа.

    Приватните претприемачи, пак, во се поголем број бараат да им се укине тарифата за стопански субјекти која е значително повиска од цената за домаќинствата. Тие бараат помош и интервенција од Владата и секојдневно се жалат на моменталните цени на енергенсите, што е причина за покачување на цената на своите продажни артикли. Од друга страна не постапуваат штедливо и во согласност со препораките.

    Владата на РС Македонија неделава излезе со препораки за заштеда на електрична енергија за домаќинствата.Кампањата е насловена Штедиме заедно денес за да имаме утре.