×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • На Куманово му фалат две градинки

    20.12.2011 14:41 | KumanovoNews

    Се планира изградба на две нови детски градинки во населбите „Карпош„ и „Тоде Мендол„.

    На Куманово му фалат две градинки

    Куманово во последниве неколку години се соочува со недостиг на простор за сместување на децата во градинката „Ангел Шајче„. Поради тоа се планира изградба на две нови детски градинки во населбите „Карпош„ и „Тоде Мендол„, со што ќе се намали бројот на деца во постојните градинки, а ќе се создадат услови родителите кои живејат во овие населби да не да ги носат децата во центарот на градот.

    Со години наназад бараме да се изградат нови објекти, или да се прошират и адаптираат постоечките. Алармантна е состојбата, поради тоа што примаме поголем број од предвиденото, но и голем број на деца остануваат незапишани. Родителите со право реагираат бидејќи имаат потреба да ги згрижат нивните деца. Ние немаме сопствени сретства да градиме сами, затоа бараме Општината да помогне преку Министерството за труд и социјална политика- вели директорката Марина Алексовска.

     Подршка за зголемување на сместувачките капацитети за дечињата од предучилишна возраст даде локалната самоуправа и советниците, па изградбата на двете градинки е ставена во развојната програма за наредната година. Останува уште да се обезбедат сретства за нивна изградба.

    Општината се соочува со оскудни сретства во капиталните инвестиции, бидејќи државата не помага воопшта, па ќе мора да градиме од сопствени сретства. Но бидејќи имаме голема потреба од 2 нови градинки, тогаш барем еден од овие два проекти треба да се стави како протитет за наредната година-рече Виктор Цветковски, претседател на Советот.

    Во сегашните градинки има 40 проценти повеќе деца од капацитетите на објектите што претставува проблем и за вработените. Немајќи можност позитивно да одговорат на барањата на сите родителите се соочуваат со обвинувања дека дел од децата не се примаат по предвидените критериуми во градинката.

    Советникот Бранко Арсовски на една од минатите седници потсети дека градинките во Куманово се градени во социјализмот, пред 30-40 години и не се проектирани за денешните потреби. Со еманципација на жените во албанската и ромската средина, како и масовното заминување на печалба во Ирак и Авганистан се зголеми економската моќ на семејсвата, кои сакаат децата да им се социјализираат, а не да ги чуваат нивните родители.