Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Општина Куманово нема заедничкичка сервисна служба во која граѓаните ќе ги пријавуваат секојдневните комунални проблеми со кои се соочуваат.
Дефектите на водоводната и канализациона мрежа , снабдувањето со електрична енергија, растурениот смет, улично осветлување, се само дел од проблемите кои граѓаните телефонски или лично ќе ги пријавуваат во заедничката служба. Овој брз и едноставен сервис треба да биде линк помеѓу граѓаните и јавните претпријатија и инспекции . Со воведување на „Системот 48 часа„, Општината ќе има поголем увид во работата и ефикасноста на локалните служби, а граѓаните во најкраток можен рок ќе бидат информирани како и кога ќе се реши нивниот проблем.
Валентина Алексовска, секретар на Општината вели дека се планира отварање на ваква служба, каде граѓаните ќе ги добиваат овие услуги и ќе се информираат за процедурите и проблеми од комуналната сфера што треба да се решат.
Јавните претпријатија имаат служби кои секојдневно ги примаат граѓаните и ги евидентираат нивните барања, а ги решаваат согласно можностите кои ги имаат. Со изградба на новата административна зграда на Општината ќе се добијат нови простории кои се предуслов за една таква канцеларија каде граѓаните ќе се информираат за она што ги интересира и ќе поднесуваат барања. Канцеларијата треба да биде навистина функционална, да има бенефит од нејзиното постоење, а раководството на Општината навремено би се информирало за проблемите и барањата на граѓаните. Сето ова е во фаза на размислување и ќе се реализира кога ќе бидат исполнети предусловите. - вели Алексовска.
Вакви служби веќе функционираат во повеќе градови во државата. Граѓаните сметаат дека и Куманово треба да добие, бидејќи често никој не се јавува на телефоните на јавните претпријатија да ги прими нивните поплаки.
Треба што поскоро да започне да работи таков сервис. Затоа што вака можеш со саати да вртиш на некој број во локалните претпријатија и никој да не ти се јави. Друго е кога ќе им се јави некој од општина и ќе им каже да си ја завршат работа. И ако не ја завршат има кој да ги кара, вака тие немаат одговорност пред никого- велат граѓаните.