Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Вчера попладне и по полноќ на улиците во градот е фрлен сол. Од Општина Куманово тврдат дека сите патишта и улици во градот се проодни.
Две екипи во 16.30 излегоа за интервенција во источна и западна зона. Потрошени се 48 тони сол во двете зони. Бидејќи повторно паѓаше снег по 12 часот ноќеска интервениравме со машини. Сите улици се чисти и нема поплаки од селата бидејќи има снег околу 13 см - изјави Момчило Јовановски, помошник раководител во сектор за урбанизам.
Од Општина Старо Нагоричане велат дека сите патишта на нивна територија се проодни, расчистени, фрлено е сол и ризла.
Од Регионален центар за управување со кризи потенцираат дека сообраќајот се одвива по влажни коловози бидјеќи има кашест снег.
Деновиве ќе следи покачување на дневните температури, а нови врнежи од снег се најавуваат за петок.