Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Кумановци беа прелажани од подлата игра на Максим Димитриевски и ВМРО-ДПМНЕ. Затоа на наредните избори ќе ја исправиме грешката и ќе го вратиме СДСМ на пиедесталот, а Димитриевки и ВМРО ќе ги вратиме таму каде што им е местото во политичка пензија, порача Александар Тушевски, претседател на Општинската организација на СДСМ Куманово на трибината „Силно и одлучно кон иднината“, која синоќа се одржа во Центарот за култура во Куманово.
„Кумановци така ќе ги казнат што повеќе нема да им текне да излезат на избори во бастионот. Ако оваа цел не успееме да ја реализираме тогаш единствена причина сме ние самите, па затоа одлучно сите заедно да одиме на победа“, рече Тушевски.
Тој додаде дека иако СДСМ повеќе нема свој градоначалник, Владата посветено како никогаш досега вложува во општината преку изградба и реконструкција на училишта, спортски сали, мостови и регионални патишта.