Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Деспина А.(18) од кривопаланечкото село Љубинци, загина во сообраќајна несреќа на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка, кога во неа удрил Ауди автомобил, со кој управувал М.Ј. (22) од Гиновци.
Сообраќајката се случила синоќа во 21.45 часот, кај месноста Љубински ливади, додека девојката се движела пеш покрај коловозот, а на неа со голема брзина налетало аудито. Од задобиените повреди девојчето починало на самото место, а возачот побегнал. Набргу бил пронајден и по извршениот алкотест било утврдено дека има 1,04 промили алкохол во крвта.
Соседи на девојчето кажуваат дека таа кобната вечер излегла со момчето да се прошета до мотелот Кратер, каде со се собирале младите од околните села. Додека двајцата оделе по патот во насока кон Крива Паланка во пресрет им наишло Ауди, кое откако претекнало друго возило удрило во Деспина. При тоа и нанело фатални повреди на главата и телото.
Слушнавме силен удар и плач како на мало дете. Возилото со голема брзина замина, а ние притрчавме да помогнеме. Глетката беше страотна, на девојчето едната рака и беше повредена истоа како и главата. Се обидовме да и помогнеме ама немаше спас - кажува вознемирено еден од очевидците на настанот.
Девојчето живеело само со татко и откако се развеле со мајката. Жителите во шок и со жалење за младиот изгубен живот велат дека не првпат да има жртви на овој пат затоа што возачите не ги почитуваат сообраќајните правила и условите на патот, а жителите и ноќе се движат по него.