Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Општина Куманово во наредниот период ќе постави лежечки полицајци на повеќе улици во градот и во приградските населби.
Одлуката ја донесе Советот по добиена согласност од МВР.
„Процедурата е целсосно завршена, изготвена е проектна документација.Во меѓувреме е распишан тендер и изберена е фирма за изработка и поставување на препреките. Лежечки полицајци ќе се потават на 9 улици, на по две до три места. Тоа се улиците: Народна револуција, Тодор Велков, Никшиќка, Благој Илиевски Гуне, Веселин Маслеша, Белановска, Студена Вода, 100 во нас. Карпош и на улица во Горно Којнаре“, кажа раководителката на секторот за комунални работи Лидија Ланг - Спасовска.
Препреки за забавено движење на возилата ќе се постават и на други улици, за кои од порано имало согласност од Советот, но немало фирма да ги постави.