×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • На Спомен Костурница одбележано ослободувањето на Куманово

    11.11.2013 12:48 | KumanovoNews

    Бројни делегации од градот и од збратимените градови денеска положија свежо цвеќе на Спомен Костурница и со пригодна програма го одбележаа Денот на ослободувањето на Куманово од фашистичкиот окупатор. 

    На Спомен Костурница одбележано ослободувањето на Куманово

    Пред присутните се обрати градоначалникот Зоран Дамјановски, кој рече дека 69 години Куманово опстојува слободно што е многу значајно за самобитноста на македонскиот народ.

    Овој ден е од клучно, судбинско значење за нас и нашето опстојување низ времето. Борбите на македонските партизани за ослободување на градот беа завршни од низата борби од НОБ која започна на 11 октомври 1941 година. Куманово заедно со Прилеп во таа година беа градови знаменосци во борбата за ослободување на Македонија. Низ периодот на народната епопеја во тој историски контекст се остваруваше вековниот стремеж на македонскиот народ за слобода и самобитност, а круната на таа борба беше Првото заседание на АСНОМ оддржано неколку месеци пред ослободувањето на Куманово, на 2 август 1944 година во манастирот Прохор Пчински - изјави градоначалникот.

    Тој вели дека борците ги дале животите за слобода и со тоа ги заложиле денешните политичари да обезбедат демократски, современи услови за живеење и економски просперитет.