На Табановце ќе се монтираат бараки за мигранти
11.08.2015 11:27
| KumanovoNews
Волонтери од Црвен Крст Куманово утре на Железничка стaница Табановце ќе постават четири бараки за мигранти.

Бараките се поставуваат за да имаат мигрантите каде да се одморат и да преспијат. Обично во раните утрински или вечерни часови мигрантите со воз од Македонија заминуваат за Србија , во намера да стигнат до европските земји и да побараат азил. Бараките ќе бидат таму се додека има мигранти.