×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • На Табановце ќе се постават објекти за бегалци

    15.09.2015 12:04 | KumanovoNews

    На Железничкиот граничен премин Табановце, Хабитат ќе постави објекти за бегалците.

    На Табановце ќе се постават објекти за бегалци

    Ова денеска го најави претставник од Хабитат на состанокот на регионалниот штаб, кој се одржа во просториите на Црвен Крст Куманово. Сите учесници беа согласни дека доаѓа зима и треба да се преземат мерки за полесен транзит и похуман третман на бегалците.

    Во овој случај гледаме да се вклучиме во обезбедување на привремено засолниште за да можат краткиот временски престој да го поминат безбедно и пристојно. Нашето вклучување да не се поклопи со активност на некој од другите субјекти. Ќе помогнеме за одредена целна група, поранлива - кажа претставникот од Хабитат.

    Иле Митковски, секретар во Црвен Крст Куманово рече дека хигиената на Табановце треба да се подобри и редовно да се чистат контејнерите. Според него добро би било теренот кај транзитниот центар на Табановце да се огради.

    Добро би било да биде ограден. Оној кој нема потреба нема да влегува. Ако се донира, да се донира она што е потребно, конзервирана храна, двопек, пакувани работи. Да не биде претпладне сме хуманитарци, а попладне сме бизнисмени - рече Митковски.

    Од месна заедница Табановце кажаа дека им пречи што автобуси со мигранти, се движат по селскиот пат кој скоро е направен и може да се оштети.

    Епидемиологот Јадранка Стаменковска од Центарот за јавно здравје Куманово објасни дека во јуни се дезинфицирани над 13.000 метри квадратни, во јули 38.600, а во август 55.600  метри квадратни површина во вагоните и возовите со кои се превезуваат бегалците. Епидемиолошката состојба е стабилна и други проблеми засега нема.