На три улици нема вода
09.01.2013 08:55
| KumanovoNews
Утринава вода немаат граѓаните на три улици во градот од кои две се во центарот, а една во околната населба Игор Тричковиќ.

Вода нема на улиците “Гоце Делчев“ во центарот на градот и “4 јули“ која се наоѓа близу Монопол. Без вода за пиење се и жителите на улица “14“ во населбата Иго Тричковиќ. Во сите три случаи водоснабдувањето е прекинато заради дефект на водоводните цевки.
Вработени од ЈП“Водовод“ се излезени на терен и работат на отстранување на дефектите, по што снабдувањето со вода треба да се нормализира.