×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • На вандалите никој ништо не им може, повторно уништена урбана орема на Градскиот кеј

    18.08.2023 13:49 | Сузана Николиќ

    Искршени и превртени клупи, оштетени детски играчки, скршени дрвца, е само дел од штетата што пред два дена е предизвикана на Градскиот кеј и во паркот кај спортската сала во Куманово.

    На вандалите никој ништо не им може, повторно уништена урбана орема на Градскиот кеј

    „Повторно вандалско однесување на несовесни граѓани на Градскиот кеј и во паркот кај градскиот базен, повторно направена штета врз урбаната опрема и малите дрвја. Од каде и да се почне да се елаборира проблемот, факт е дека ниту една психолошка дефиниција на вандализмот нема да даде разумно објаснување за она што во Куманово веќе станува хроничен проблем. Меѓу нас живеат вандали чие нарушување оди дотаму што речиси и да нема ден, а да не се случи по некој деструктивен чин на уништување на јавните добра. Апелираме на совесно и одговорно однесување на сите граѓани при посета на градскиот кеј и сите други паркови“, апелираат од  ЈП „Чистота и зеленило“.

    Граѓаните се револтирани од ваквото однесување на поединци и бараат надлежните служби, пред се МВР и комуналните редари, наместо само да ги нотираат случаите ревносно да си ја вршат работата, а сторителите да ги казнат.

    „Тоа е иста група, која прави бељи по цел град. Не е можно никој да не ги видел и да не може да се открие. Најверојатно се тинејџери, за кои родителите треба да поведат сметка“, коментираат граѓаните. 

    Меѓу нивните барањата се и општината да постави видео надзор на местата кои се постојана мета на вандалите, но во една прилика градоначалникот кажа дека тоа е скапа инвестиција за која општината нема предвидено средства.