Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во Штип се оддржа државен натпревар на средните технички училишта, при што кумановското техничко училиште покажа најдобри резултати.
На овој 31 натпревар за електромашински училишта учествуваа 170 ученици од 22 училишта од Скопје, Велес, Крива Паланка, Гостивар, Прилеп, Битола, Струмица, Куманово, Кочани, Пробиштип, Охрид и Штип.
Учениците ги покажаа вештините да конструираат електро машини. Од “Наце Буѓони“ четири ученици освоија прво место, а четири трето место и уште четворица добија пофалници.
Меѓу најуспешните се Бојан Таневски, Дарко Стојковски, Перица Тасевски, Денис Демировски, Филип Николовски, Дејан Симоновски, Ванчо Тодоровски, Дарко Лазаревски и други. Пофалени се Ангела Јордановска, Филип Димитриевски, Милан Пековски и Дарко Петковски.
Oвие натпревари се можност да се покаже стекнатото знаења на учениците, и се мерило за интересот на учениците за продлабочување на стручните знаења, како и за нивната иновативност во конструирање на уреди од електотехничката и машинската струка- велат професорите, ментори на наградените ученици.