×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Над 100 компании во кумановско добиле 700 илјади евра државна помош, кажа министерот Бектеши

    11.03.2021 20:45 | KumanovoNews

    „Над 100 компании од Куманово и кумановскиот регион добиле над 700 илјади евра директна финансиска поддршка од мерките и програмите кои се реализираат преку Министерството за економија и на Владата.

    Над 100 компании во кумановско добиле 700 илјади евра државна помош, кажа министерот Бектеши

    Тоа значи дополнителни инвестиции во периодот после завршување на кризата со пандемијата, но и отворање на нови работни места. Ние остануваме посветени во директна комуникација со бизнис заедницата да креираме мерки кои ќе произлезат од јавно-приватниот дијалог“, кажа министерот за економија Крешник Бектеши кој денеска заедно со пратеникот во Собранието, Арбер Адеми и заменик-министерот за здравство Илир Хасани беа во посета на повеќе компании од преработувачката индустрија, но и туристичко угостителскиот сектор и занаетчии кои се корисници на мерките кои што минатата година се реализираа преку Министерството за економија.

    Тој информираше дека отпочнале со реализација на мерките и програмите за 2021 година со објавување на три повици за финансиска поддршка на занаетчии, жени претприемачи и микро и мали компании преку Програмата за конкурентност, иновации и претприемништво (КИП).

    „Сакам да ги повикам сите компании да аплицираат за мерките на Министерството за економија и да ги искористат за набавка на машини, опрема и други инвестиции. Оваа година за прв пат Јавните повици се спроведуваат по принцип на распределба на развиеност на плански региони, за што предност ќе има Куманово и кумановскиот регион како дел од Североисточниот плански регион, тоа ќе значи дека започнуваме со подеднаква распределба на финансиската поддршка низ целата држава“,  потенцираше министерот Бектеши.

     Во рамки на работната посета во Куманово министерот Бектеши придружуван со пратеникот Адеми и заменик министерот за здравство Хасани ги посетија компаниите Уни Кондор и Кватро, кои што се поддржани со финансиска помош за реализација на инвестиции од Уредбата за финансиска поддршка за конкурентноста на компаниите за време на ковид и пост-ковид периодот, потоа ја посетија компанијата Демир Импекс која е поддржана преку мерката за субвенции за микро и мали компании преку КИП програмата на Министерството за економија.

    Ги посетија рестораните за организирање на свадби Елегант и Лилја Тре кои беа поддржани преку мерката за грантови за ресторани за свадби и фризерско-козметичкото студио Белепок кое што е корисник на субвенции за набавка на алати и репроматеријали преку мерката за поддршка на занаетчиите на Министерството за економија.