×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Над 250 кумановци се хранат во народна кујна

    31.01.2023 10:36 | Ивана Алексовска

    Над 250 жители на Куманово и Старо Нагоричане, кои спаѓаат во категоријата на социјално ранливи категории, се хранат во народната кујна од каде добиваат оброци за секој ден. Од нив 222 лица се од Куманово, а 30 од Старо Нагоричане.

    Над 250 кумановци се хранат во народна кујна

    Проектот е наменет за категоријата корисници на социјална парична помош, односно за лица кои не се во можност да си обезбедат оброк во текот на денот. Тука спаѓаат: бездомници, семејства изложени на ризик, работнонеспособни лица, стари и болни лица, самохрани мајки и др.

    „Сите оние кои имаат поднесено барање и кои навистина имаат потреба редовно и непречено добиваат топол оброк. Бројката е ограничена, со тенденција да се зголеми. Селекција се врши во Центарот за социјална работа, врз основа на навистина сериозни критериуми. Се оди на терен, се прави увид, разговараме, ги гледаме условите во кои живеат лицата и правиме проценка“ , информира Александра Арсовска, директор на Центар за социјална работа.

    Храната се дели на еден пункт во Куманово, и тоа во Месната заедница „11 Октомври“ (кај Градската џамија)
    и во селото Алгуња за корисниците од Старо Нагоричане. Топлиот оброк се дели во понеделник, среда и петок, со тоа што добиваат храна за секој ден.

    „Задоволни сме од храната и количината. Навистина е убаво зготвена и разновидна. Земам за целото семејство и ги задоволува нашите потреби. Добиваме и зеленчук, и овошје, благо на што децата се радуваат“, вели Ангелина М. од селото Горно Којнаре.

    Надлежните постојано водат евиденција за списокот на корисници на услугите на народната кујна и доколку некој не доаѓа, се откаже или дојде до смрт, се заменува со друго лице, кое е на најприоритетната листа.

    „Проектот го финансира Министерство за труд и социјална политика. Секоја година се прави јавна набавка и тендерска постапка за заинтересираните даватели на услугата „топол оброк“, кои треба да ги исполнуваат сите критериуми и стандарди и не смее да има никакво отстапување при изборот“, додава Арсовска.
    Народната кујна фунционира во континуитет, а застој немало ниту за време на пандемијата.

    Народната кујна во Куманово функционира од 2008 година. Оваа година фирмата „Специјал“ го има добиено тендерот и го обезбедува топлиот оброк за корисниците.