Над 250 матуранти ќе танцуваат на плоштад
16.05.2013 11:40
| KumanovoNews
Кумановските матуранти утре во исто време ќе играат Квадрил со своите врсници од Европа.

Матурската парада ќе се одржи на Градскиот плоштад Куманово со почеток во 11.30 часот, а ќе ја отвори градоначалникот Зоран Дамјановски.
Оваа година на Квадрилот на Јохан Штраус ќе танцуваат 276 матуранти. Точно во 12 часот композицијата ќе ја пренесува Македонско радио - радио Скопје кое го пренесува сигналот од радио Вал 202 од Словенија.
Матурскиот танц ќе се игра во многу европски градови истовремено.