Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Над 500 деца се ставени на листа на чекање за прием во градинката “Ангел Шајче“, бидејќи се исполнети сите капацитети.
Како што информираат надлежните доколку се ослободи некое место, родителите писмено ќе бидат известени дека детето е примено во градинка. Во јуни примени се 278 деца, а родителите до 15 август ќе треба да потпишат договори. Заедно со новозапишаните и останатите деца, бројот изнесува 1539 што е над проектираните капацитети.
Кога имаме деца над проектираниот капацитет, тогаш бараме согласност од Советот на општината, секоја година засебно. Имаме поднесено барање, така да во месец август кога ќе се одржи првата седница на Советот на општина Куманово, тоа наше барање ќе биде разгледано и разбирам дека тоа е голема одговорност и од страна на Советот, меѓутоа законот е таков и согласноста исклучиво Советот ја дава. На листа на чекање имаме над 500 дечиња, голема заинтересираност и бројот на деца е далеку над проектираниот капацитет. Се надеваме и веќе е започната доградба на две простории во објект “Синоличка“. Исто во преговори е и со организации и амбасади за објект “Славејче“- вели Марина Алексовска, директорка на “Ангел Шајче“.
Таа информира дека од 1 септември втората смена наместо во објект “Славејче“ ќе се пресели во објект “Синоличка“ кај стадионот, за што родителите ќе бидат известени.