×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Над 5200 члена се реевидентирале во кумановското СДСМ

    03.03.2021 12:06 | KumanovoNews

    Над 5200 члена се реевидентирале во ОО СДСМ Куманово, од вкупно 80.000 членови го ажурираа своето членство во СДСМ.

    Над 5200 члена се реевидентирале во кумановското СДСМ

    „Овој процес на промени го заокружуваме на 21. март кога ќе се одржат првите внатрепартиски непосредни избори, каде секој член ќе може да гласа за претседател на СДСМ. Согласно Правилникот за критериумите, начинот и постапката за кандидирање и избор на претседател на СДСМ, Централната изборна комисија одржа седница на која беше потврдена и објавена единствената пријавена кандидатура на Зоран Заев за претседател на СДСМ. Со овој крупен исчекор кон демократизација и модернизирање на партијата, СДСМ поставува нови стандарди во политичкото дејствување во државата, што ќе придонесе и за демократизација на целото општество. Победуваме, но и постојано се менуваме, за уште подобро да им служиме на граѓаните и државата“, изјави Катерина Пешиќ Бошковска, портпарол на ОО СДСМ Куманово.