×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Над 1 милион евра ќе чини бесплатниот јавен превоз во Куманово ако продолжи до крајот на годината како што најави Димитриевски

    23.06.2023 11:15 | Сузана Николиќ

    Градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски, најави дека ќе му предложи на Советот да го продолжи бесплатниот градски превоз на граѓаните до крајот на годината. За првите 9 месеци услугата ја чини Општина Куманово над 750 илјади евра. 

    Над 1 милион евра ќе чини бесплатниот јавен превоз во Куманово ако продолжи до крајот на годината како што најави Димитриевски

    Димитриевски гостувајќи во емисија на МТВ, потенцираше дека со имплементација на мерката за бесплатен јавен превоз во Куманово се намалил сообраќајниот метеж во градот и постигнат е дополнителен еколошки ефект.

    „Ги намаливме дивите превозници во Куманово и една од главните мерки - создаваме навика за користење на јавниот превоз, па во иднина зошто да не се инвестира и во нешто помодерно и посовремено“, рече Димитриевски.

    Тој се заблагодари на јавните превозници кои многу ревносно и доблесно влегле во еден ваков проект, и покрај тоа што добивале средства покажале високо ниво на општествена одговорност, тоа се пред сѐ фирми коишто настанале во таа соработка и се изградиле како компанија.

    Градоначалникот посочи дека за бесплатниот јавен превоз издвоени се средства од буџетот за до крајот на месец септември, но планираат да ја продолжат мерката ако се наиде на разбирање од советот, поради тоа што тој ги одобрува финансиските средства.

    „Горд сум што одлуката беше донесена со апсолутен консензус, со многу малку политика во одлуката и граѓаните го користат. Нашите анализи коишто ги спроведовме укажуваат дека некаде и до 18 илјади билети дневно се користат на 26 различни линии, или 18 илјади превози“, истакна Димитриевски. 

    Бесплатниот градски превоз во Куманово започна од почетокот на оваа година, за првпат во една општина во земјава.

    Граѓаните кои го користат превозот ја поддржуваат мерката, додека останатите сметаат дека тоа е непотребно фрлање на пари во време на криза, бидејќи општината има за решавање еден куп на инфраструктурни проблеми.