×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Над половина од граѓаните очекуваат животот да им биде полош ако останат во Македонија, покажа истражување на „Солуција“

    09.02.2024 08:45 | KumanovoNews

    57,6 отсто од македонските граѓани сметаат дека нивниот живот ќе биде полош во иднина, одговарајќи на прашањето дали очекуваат подобра иднина за своите деца доколку останат да живеат во Македонија, во анкета на Балканскиот центар за конструктивни политики „Солуција“.

    Над половина од граѓаните очекуваат животот да им биде полош ако останат во Македонија, покажа истражување на „Солуција“

    22,9 отсто очекуваат животот да им остане со ист квалитет, а само 16,9 отсто од испитаниците искажале оптимизам за ова прашање.

    На прашањето кои се најголемите проблеми на граѓаните и државата, 18% се изјасниле дека корупцијата е клучен проблем, 15,5% рекле дека тоа се ниските приходи, а 14,5% – криминалот. Понатаму на листата на проблеми следуваат: политичката нестабилност со 11,1%, сиромаштијата со 10,3%, невработеноста со 6,9%, здравствената заштита со 6,4% и партизацијата со 5,7%.

    68,3% од македонските граѓани сметаат дека државата се движи во погрешна насока, 11% сметаат дека се движи во правилна насока, додека 17,5% одговориле дека стои во место, 3,2% не знаеле што да одговорат

    Во однос на довербата на граѓаните во институциите, најслабо стои Парламентот, кому целосно му веруваат само 1,9 %. На судството само 3,2% целосно му веруваат, а о исклучително ниска доверба се и Владата и политичките партии, со ниво на целосна доверба од само 4,6% и 1,8% респективно.

    Анкетата беше изработена од агенцијата „Проспект М“ во периодот од 09.01 до 21.01.2024 на репрезентативен примерок од 1.000 граѓани, со маргина на грешка 3,1% и со ниво на доверба од 95%.

    (извор.сдк.мк)