×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Надлежните претпријатија да спречат излевање на реките на критичните точки, побара Кризниот штаб

    11.02.2021 14:48 | KumanovoNews

    Општинскиот штаб за заштита и спасување на Општина Куманово (ОШЗС), побара од надлежните претпријатија и институции во градот, да ги преземат сите неопходни мерки за да се спречи излевањето на реките, по обилните дождови што ја зафатија државата.

    Надлежните претпријатија да спречат излевање на реките на критичните точки, побара Кризниот штаб

    Особено се бара да се  заштити просторот и објектите во Меморијалниот центар АСНОМ, да не дојде до излевање на реката Пчиња.

    „Се препорачува на ЈП „Водовод“, ЈП„Чистота и зеленило“, Центарот за управување со кризи и Дирекцијата за заштита и спасување, поради најавената хидрометеоролошка состојба, како и циклонот кој го зафати нашиот регион, да излезат на терен и да направат увид на состојбите на реките и речните корита, како и критичните точки и можности на излевање на река Пчиња, поконкретно Меморијалниот центар АСНОМ. Претпријатијата да превземат превентивни мерки во координација со АД “Водостопанство Кумановско Липковско поле” да дејствуваат на терен со можност за надминување на евентуални проблеми, - соопштуваат од Штабот.

    Дополнително се бара АД “Водостопанство Кумановско Липковско поле” во рамки на своите надлежности навремено да превземе мерки за спречување на поплавите, а доколку има потреба од дополнително механизација да побара помош од ОШЗС.

    (Д.Д.)