×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Наградени маски од маскенбалот “Батко Ѓорѓија 2014“

    14.05.2014 09:20 | KumanovoNews

    Најдобрите маски од маскенбалот “Батко Ѓорѓија 2014“ кој викендов се оддржа во Куманово ќе добијат скромни награди.

    Наградени маски од маскенбалот “Батко Ѓорѓија 2014“

    Во категорија на детски градинки прва награда доби маската„Од земјата на црешите “  од објект Развигорче, втори се „Штрумфови и Пинк Пантери “ од објект Кокиче и трети „Фред и Вилма со својата дружина “  од објект Развигорче. Најдобра индивидуална маска  е “Паун“ од објект Пчелка.

    Во категорија основни училишта од Општина Куманово прва награда земаа “ Каменковци“  од „Вук Караџиќ“, втора  “ Оџачари“  од „Браќа Миладиновци“ и трета награда “ Минионс“ од  „Кочо Рацин“.

    Награда за најдобра порака „Разиграни букви“ доби „Толи Зордумис“.

    Наградата за креативност отиде кај „Слатки бонбончиња“  од  „Крсте Мисирков“.

    Награда за најдобар настап доби  маската „Гуштер и мравки“  од „11-ти Октомври“.

    Гран при за најмасовно учество земаа „Во светот на бајките“ од „Х.Т.Карпош“.

    Од средни училишта од Општина Куманово  првонаградена е маската „Лицемерие“ од Гимназија“ Гоце Делчев“, втора е „Танц на куклите“  од “ Киро Бурназ“ и трета  „Еко фешн“ од „Наце Буѓони“.

    Награда за најдобар настап зема маската „Бразил“ од „Перо Наков“.

    Во категорија индивидуални маски награден е Владимир Ристовски-Кортопелац  со маската “Венеција во Куманово“.