×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Награди за селекција на отпад за жителите на „Гоце Делчев“ и „Зелен Рид“

    07.11.2022 14:16 | Оливера Пешевска

    Жителите на населбите „Гоце Делчев“ и „Зелен Рид“ од Куманово први ќе имаат можност да повратат дел од средствата доколку се приклучат на иницијативата „Селектирај отпад“, која се спроведува во соработка со ЈП „Чистота и зеленило“.

    Награди за селекција на отпад за жителите на „Гоце Делчев“ и „Зелен Рид“

    Селекцијата на лименки, хартија и пластика ќе се врши во специјални кеси за отпад, во различни бои кои можат да се подигнат во јавното претпријатие, а отпадот ќе се зема од домот на корисникот. Заинтересираните треба да ја симат мобилната апликација „Селктирај Отпад“ и да направат свој профил, преку кој ќе го скенираат кодот на вреќичката .

    „Четири години се трудам да ја алармирам јавноста и да ја подигнам свеста за селектирање на отпад, што е прв чекор за да се приближиме до рециклирање. Се надевам дека ќе се подигне свесноста и свеста кај населението и многу наши сограѓани ќе се приклучат кон проектот. За почиста и поздрава животна средина во градот и околината“, изјави Даниел Стојчевски,директор на ЈП „Чистота и зеленило“.

    Оние што ќе предадат најмногу кеси со селектиран отпад ќе се рангираат да добијат награда од 2.000,  1.000 и  500 денари. Иницијативата ќе се спроведува во наредните 2 месеци.

    Целта на пилот-проектот е да се подигне свеста кај граѓаните за селектирање на отпад. Селектирањето на отпад е првиот начин да се покаже грижа за околината и одговорност кон општеството. Досега таа е активна во некои општини на Град Скопје, Струмица, Валандово, а отсега и во Куманово.