Мени

Најдена бомба на автопат Куманово - Табановце

24.03.2020 11:57 | KumanovoNews

С.Р.(62) од с.Табановце пријавил во СВР Куманово, дека на банкина покрај автопат Куманово- граничен премин „Табановце“, во близина на бензинска пумпа, пронашол рачна бомба.

Најдена бомба на автопат Куманово - Табановце

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Куманово. Од страна на пиротехничар на ДЗС експлозивната направа е подигната за понатамошна постапка.