Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Досега се најдени околу 250 заменски наставници за во основните и средни училишта во Куманово, од вкупно 1350, колку што побарале училиштата.
“Засега имаме најдено околу 250 наставници за во Куманово. До училиштата се доставени списоци за заменски наставници. За општина Липково сеуште не сме почнати и допрва ќе се повикуваат луѓе на разговор“- вели Милорад Тренчевски, директор на Центар за вработување Куманово.
Од секторот за образование во општина Куманово, велат дека од оваа бројка на наставници денеска 180 се појавиле во училиштата.
“Најголем дел се дојдени без документи, и во текот на денот ги донесуваат дипломите за да бидат прегледани од стручните служби во училиштата. Да се види дали ги исполнуваат критериумите согласно Законот за основно и средно образование, да се провери стручноста за да се вклучат во воспитно - образовниот процес“ - рече Жика Крстевски од сектор за образование.
Според Крстевски најдени се 15 отсто од заменските наставници за кои се доставени барања.