Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Најмногу бесправно изградени објекти, минатата година се откриени во Куманово 133. Според податоците на Државниот завод за статистика во истиот период во град Скопје се откриени далеку помалку- 112.
Најголем број, 39 од нив се стамбени објекти, 38 со исклучиво намена за домување и 1 објект наменет за одмор и рекреација. Не е мал ниту бројот на деловни објекти кои се изградени без потребните дозволи, дури 12 од нив се изградени на територијата на општината.
Во статистичките бројки влегуваат и доградби, надградби и слични адаптации- 22, 1 гаража и 13 огради. Останатите констатирани дивоградби се една летна тераса, 10 натстрешници, 18 времени објекти и 16 помошни објекти.
Нема детални податоци во чија сопственост се констатираните бесправно изградени објекти.
На ниво на земјата изградени се 780 дивоградби. Ниту државата не се воздржала од изградба без обезбедување на целосна потребна документација, дури 46 објекти се во нејзина сопственост на национално ниво, а 726 се во приватна сопственост. До вкупната бројка од 780 се пресметани и 2 објекта во задружна сопственост и 6 со мешовита.
Од нив 169 поединци граделе бесправни објекти за домување, а во државна сопственост се 3 стамбени објекти. Што се однесува на деловните објекти 56 дивоградби се во приватна сопственост, а 4 во државна.