×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Најновиот број на „Корени„ посветен на Балканот

    20.10.2011 08:55 | KumanovoNews

     Во двобројот се објавени  дваесетината есеи на автори од целиот Балкан, како и други содржини кои по својата тематика се блиски до она што би го нарекле балканско.

    Најновиот број на „Корени„ посветен на Балканот

     Пред дваесетина дена излезе од печат најновиот 37-38 број на кумановското полијазично и мултиетичко списание “Корени”. Истиот ден на 30 септември беше и промовиран во Меморијалноиот центар Пелинце при што беа доделени и традиционалните награди по конкурсот на “Корени” за Мартовските есеи за ова година. Инаку овој двоброј редакцијата го има посветено на Балканот, пред се потпирајќи се на дваесетината есеи напишани на ова тема од автори од целиот Балкан, како и на други содржини кои по својата тематика се блиски до она сто би го нарекле балканско. Инаку во овој број се застапени околу четириесетина автори од Македонија, Србија, Хрватска, Бугарија, а од мрежата Еурозине е позајмен текстот на пољакот Кристоф Помиан, кој се осврнува на европскиот идентитет со прекрасен есеј, насловен како “Европски идентитет, историски факт и политички проблем”. Освен овој текст ворубриката Амбиент е прилогот на Димитар Масевски “Дваесет години потоа” кој се осврнува на состојбите во Куманово по изминатите дваесет години на транзиција, како и прилогот на Лиман Авдиу за различностите во Франкофонијата. Во делот на книжевниот мозаик мошне интересни се двата прилога на врвните мајстори на перото, Јелена Лужина и Сашо Прокопиев, како и посланието за Балканот од познатиот филозоф Ферид Мухиќ, а од есеистиете би ги споменале првонаградените Дејан Богојевиќ од Србија, Христе Петрески од Скопје, Томислав Османли од Скопје и Цонка Христива од Габрово, Бугарија. Освен нив го свртеја вниманието и есеите на Денис Перичиќ од Вараждин, Слободан Беличанец и Јове Велески од Прилеп, Весна Прешњак од Ријека и Аго Хаурдиќ од Куманово. Во делот на поезијата за “Корени” во овој број, меѓу другите, пишуваа Ванга Михајлова Штерјова, Драган Стојчевиќ, Божидар Станоевски, додека во прозата носиме еден извонреден фрагмент од роман, со голооточката тема од покојниот пријател на “Корени”, познатиот писател Томе Арсовски, а тука се и расказите на Сузана Горгиеска од Прилеп , Татјана Дебељачки од Ужице и Звонко Стројановиќ Хаџипоп.

    Кумановскиот дел од списанието го носи омажот за прекрасниот кумановски композитор Миодраг Божиновски-Мичо , “Свена една роза” кој го напиша неговиот близок пријател и соработник Ванчо Тарабунов, а внимание заслужува и прилоготна доајенот на кумановскиот пишан збор Петар Трајковски, за првиот кумановски градоначалник на Куманово од 1919 година Ќира Анѓеловиќ. Миодраг Арсовски Болто дава еден убав приказ за преку стоте години од формирањето на Градската музика во Куманово а мошне интресен е прилогот, историски расказ , на ултра српскиот националист, велат најдобриот српски автор на воена проза, Станислав Краков кој се задржува на познатото убиство на прота Ташко Петровиќ во 1905 г. во Куманово. Инаку овој прилог е напишан 1930 година и дава извонредни фактографски податоци за кумановскиот амбиент во тој период.

                                                                                                               Д.Масевски