×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Намалена видливост на патот Куманово - Страцин

    24.12.2020 08:14 | KumanovoNews

    Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози, а на одредени мeста во услови на магла.

    Намалена видливост на патот Куманово - Страцин

    Како што информира АМСМ намалена видливост поради појава на магла до 100 м. на патниот правец Куманово – Страцин, од 50 – 100 м. има на патните правци Скопје – Велес и Велес – Скопје, од 40 – 50 м. на патниот правец Тетово – Скопје,  од 30 – 50 м. на патните правци Битола – Прилеп и Кичево – Охрид, од 80 – 100 м. на патниот правец Велес – Штип, до 100 м. на патниот правец Неготино – Д.Капија и од 80 – 100 м. на планинскиот превој Буково.

    Од 15 ноември започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2021 година.

    АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има појава на утринска магла и можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.