×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Наместо да покаже лиценца, таксист со кола удрил во инспектор

    28.07.2023 15:58 | Оливера Пешевска

    Службеник од Секторот за инспекциски надзор во Општина Куманово е повреден откако во него удрил автомобил, додека извршувал работни задачи во населбата „Тоде Мендол“ во Куманово.  

    Наместо да покаже лиценца, таксист со кола удрил во инспектор

    Нападот се случил вчера околу пладне, додека инспекторот и неговиот колега биле во  контрола на возила кои вршат превоз на патници без лиценца. Откако удрил во инспекторот возачот побегнал. 

    „Колегата има повреда на ногата, но се наоѓаше во голем шок и беше многу вознемирен од  случката.  Двајцата вработени со налог беа испратени во инспекциски надзор на поединци кои вршат превоз на патници без лиценци или т.н диви таксисти“, изјавија од Секторот за инспекциски надзор за Кумановоњуз.

    Возачот е приведен и го признал делотот, информираше денеска Кумановската полиција. 

    „Вчера во СВР Куманово бил извршен службен разговор со М.Х. (49) од Куманово. Тој се сомничи дека околу 12.30 часот на ул.„Тоде Мендол“ со возило „шкода фабиа“ со кумановски регистарски ознаки удрил во Д.Д., вработен во општина Куманово, кој извршувал работни задачи на улицата со негов колега. Во разговорот М.Х. го признал делото и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава“, соопшти СВР Куманово.

    (фото. архива кумановоњуз)