Мени

Нападнал полицаец кога сакал да го легитимира

12.01.2010 13:27 | KumanovoNews

Кумановската полиција поднесе кривична пријава против С.Г.(28) од с.Клечовце за сторено кривично дело „спречување на службено лице при вршење работи на безбедноста“.

Нападнал полицаец кога сакал да го легитимира

  На почетокот на декември мината година во с.Клечовце-кумановско, пријавениот управувајќи возило без регистарски таблици натоварено со огревно дрво бил запрен од полицијата. Во моментот кога  полицискиот службеник  се oбидел  да го легитимира, С.Г, го турнал полицаецот  и се заканил дека ќе го убие со стапот што го има во раце.