Нападнал полицаец за не му го дигнат возилото со пајак
27.03.2013 14:34
| KumanovoNews
А.З.(49) од Куманово нападнал полицаец, кој асистирал на пајак служба за подигање на непрописно паркирани возила.

Инцидентот се случил на 8 март, кога возачот непрописно го паркирал своето патничко возилото на ул. „Доне Божинов“. Дошле вработени во пајак службата со полицаецот, и при обид полицискиот службеник да изврши легитимирање на сопственикот на возилото, тој започнал да го навредува и да му се заканува. Во еден момент успеал да ги отстрани гумените каиши кои биле поставени на возилото, влегол внатре и си заминал.
А.З. ќе одговара за сторено кривично дело „спречување службено лице во вршење службено дејствие“.