Нападнат вработен во Центарот за јавно здравје во Куманово
17.11.2022 12:21
| KumanovoNews
Вработен во Центарот за јавно здравје во Куманово вчера пријавил во Кумановската полиција дека бил физички нападнат на работното место.

„Г.С.(47) од Куманово, вработен во Центарот за јавно здравје во Куманово, пријавил дека во службената просторија во болницата бил физички нападнат од неговиот колега Б.Р.“, стои во соопштението од СВР Куманово.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.