×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Наредната седница ќе поднесеме амандаман за парична помош на првачињата, најави Ивановски

    25.10.2022 16:15 | Оливера Пешевска

    СДСМ не отстапува од идејата Општина Куманово да обезбеди парична помош од 3000 денари за семејствата на првачињата, и на наредната седница на Советот повторно ќе го актуелизираат предлогот и ќе побараат поддршка од сите советниците да се изгласа точката.

    Наредната седница ќе поднесеме амандаман за парична помош на првачињата, најави Ивановски

    „На последната седница на Советот на општина Куманово, мнозинството од „Наше Куманово“ и ДПМНЕ не даде поддршка на предлогот на советничката група на СДСМ и коалицијата, на дневен ред да се најде точка за исплата на парична помош од 3000 денари на секое семејство кое има прваче. Еднократната парична помош на првачињата доделија повеќе општини во државата како Битола, Кавадарци, Крива Паланка и не гледаме причина зошто и кумановските првачиња би биле исклучок. Ова нема да не обесхрабри и тука нема да застанеме, а за следната седница ќе поднесеме амандман и ќе побараме поддршка од сите советници во Советот“, кажа советникот Дејан Ивановски од СДСМ.

    Тој додаде дека без разлика на тоа што обврската за обезбедување на услови за образовниот процес е на општините, во време на енергетска и економска криза Владата им помогнала на основните и средните училишта во државата, да бидат снабдувани со електрична енергија по регулирани цени.

    „За потсетување оваа Влада додели и распредели финансиски средства со кои се реконструирани сите централни и подрачни училишта на територија на општина Куманово. Затоа цениме и сметаме дека на ред е општината и локалните власти да покажат доблест и амандманот кој ќе го поднесеме за следната седница на Советот на Општина Куманово да биде усвоен, со што ќе дадеме мал придонес и ќе им го разубавиме почетокот на нивното школување“, заврши Ивановски.