×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Наши ученици не учествуваа во инцидентот

    13.10.2011 15:39 | KumanovoNews

     Првите луѓе на гимназијата „Сали Фрешери„ ги отфрлаат обвинувањата дека нивни ученици го предизвикале инцидентот на свадбата што се случил минатиот петок, спроти зградата на поранешен ЗИК.

    Наши ученици не учествуваа во инцидентот

    Тие тврдат дека ученици од Техничкото училиште, биле нападнати од група на возрасни луѓе, кои потоа сакале да се пресметаат и со наставниците во училиштето.

    Нашиот став во врска со случувањето пред училиштето е сосема спротивен од оној на жителите. До инцидентот дошло кога еден ученик е удрен со автомобил форд фиеста без регистарски таблички, по што настанала тепачката и 4 ученика се здобиле со видливи повреди по лицето. По инцидентот во наставничката канцеларија влета едно лице во алкохолизирана состојба кое сакаше да се пресмета со нас и недолично се однесуваше, а уште неколку жени не навредуваа. Иако не се работеше за наши ученици,присебно се вклучивме во целиот настан за да ја намалиме тензијата и да ги смириме страстите. Непотребно нашето училиште се најде во целата мешаница, и сакаме тоа да се знае - вели Хаљиљ Камери, секретар во гимназијата.

    Директорот на училишето Хисен Рахмани, признава дека проблемот со нетрпението на жителите и учениците е актуелен со години наназад. Вели дека ги превземаат сите неопходни мерки за да го решат недоразбирањето на најдобар можен начин и да влијаат на однесувањето на учениците, но  тврди дека тешко им оди, бидејќи се работи за голем број на ученици, од две училишта, сконцентрирани на многу мал простор.

    Ние сме свесни дека учениците претеруваат во некои ситуации, но не сме во можност постојано да ги контролираме. Сепак се работи за деца, кои некогаш и не се свесни за своите постапки. Веднаш по инцидентот одржавме состанок со наставниците и дадов наредба децата да не се одалечуваат од училишниот двор, да не се собираат пред околните куќи и да не седат на улица. Сите кои не ја почитуваат наредбата, ќе бидат казнети нивните родители- вели Рахмани.

    Излезот од ваквата состојба, директорот и секретарот ја гледаат во преселување на училиштата на друга локација, во касарната Христијан Карпош. Дотогаш очекуваат да се зголеми присуството на полицијата во близина на училиштето и да се обезбеди приватно обезбедување во училишната зграда. Постигнат е договор со градоначалникот да се бара од Министерството за образование нова зграда за потребите на овие училишта.